„На 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, се сеќаваме на вашите колешки кои ги загубија своите животи во борбата против вирусот. Верни на хуманиот повик до крај – Виолета Кацарска, Дијана Макошевиќ Димоска, Елица Андрееска, Ирена Дојчиноска Милошевска, Нашиде Емини и Мирлинда Алими ги положија своите животи за да спасат други животи“, објави претседателот на државата Стево Пендаровски.
Нивната голема и скапа жртва не обврзува со благодарност да се сеќаваме на нив и да се угледаме на нивната солидарност. Но, и да вложуваме во унапредување на положбата на медицинските сестри во Северна Македонија. Бидејќи само така ќе придонесеме кон подобрување на здравствената заштита на сите граѓани и на целото македонско општество.
Нека ви е честит Mеѓународниот ден на медицинските сестри! – порача тој.