Пендаровски со поддршка за Планот за борба против корупција, очекува да даде резултати

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој го информираше за мерките од усвоениот План за борба против корупција.

33

Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, Пендаровски го поздрави системот на мерки и изрази очекување дека тие ќе овозможат ефикасна превенција и борба со корупцијата.

-Борбата против криминалот и корупцијата е од исклучително значење во процесот на евроинтеграцијата, во градење на правната држава и за стекнување на доверба на граѓаните во институциите. За да постигнеме резултати во овој процес неопходна е целосна транспарентност, соодветни законски решенија и санкции, и придонес од сите институции, истакна на средбата претседателот Пендаровски.

Во таа насока, како што се наведува, претседателот Пендаровски, посочи дека е подготвен соодветно да ги поддржи мерките од новиот План за борба против корупција.

„Планот за борба против корупција денеска го претставив пред претседатело и го информирав детално за секоја точка, за секоја мерка. Очекувам поддршка во интерес на граѓаните и придонес од сите институции! Имаме План, имаме политичка волја, влеговме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот.“ – посочи вицепремиерот Николовски по средбата.

nikolovski

Паралелно со темелни институционални промени, според претседателот Пендаровски, важен сегмент во борбата со корупцијата е подигнување на јавната свест и охрабрување на граѓаните да пријавуваат случаи на корупција, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e