Пендаровски: Папата нѐ посочи како огледало на мултиетнички и мултирелигиски состав на народот – што е важно за побрза интеграција кон европските земји

„Папата Франциск дојде во прва историска посета на нашата земја. Тој нѐ посочи како светол пример за мирен соживот, земја со огромно културно богатство, огледало на најважното и најценeтотo наследство-мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на народот. Ова е важно за побрза интеграција кон европските земји и поттикнување што поголема почит кон различностите и човековите права во целиот регион.“ – порача новоизбраниот претседател на РСМ Стево Пендаровски.

Тој исто така потсети и на значењето на Светата Мајка Тереза.

„Света Мајка Тереза беше заштитник на сиромашните, таа не познаваше различности, само луѓе на кои им треба помош и насока. Пред нејзиниот споменик се поклони и папата Франциск, а ние ја имаме таа чест да кажеме дека е родена во нашиот град. Со почит кон нејзиното големо дело имаме и одговорност да изградиме обединета и хумана држава. Солидарноста е најголема доблест на еден човек и на секое општество.“ – напиша Пендаровски на својот ФБ профил.

Во текот на денот Пендаровски на својот ФБ профил објави и една мисла од папата.

„Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг“ – папа Франциск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e