Пендаровски: Одложување на изборите не оди во прилог на ниту една партија

Сите што беа кај мене на лидерската средба се совесни граѓани и политичари. Не верувам дека се согласија за 12 април да го изиграат тој термин. Нема мотивација за одложување на изборите. Ниту власта ниту опозицијата има ќар или мотив доколку се одложат. Со тоа нема никој да добие, вели Стево Пендаровски, претседателот на Република Северна Македонија.

Според Пендаровски, не би требало да настане никаков проблем за ратификацијата за влез во НАТО во домашниот парламент поради изборите. Како што вели тој, тоа може да се направи и 20 дена по одржување на изборите, кога ќе има и формирано нова влада.

-Може ратификацијата да се направи и веднаш, сега пред изборите. Но прашање е дали е тоа правно издржано. Така направи Црна Гора, но на нив им се брзаше. Случајот со Црна гора беше уникатна ситуација и имаа почитички резони зошто го направи тоа. Не е потоп на светот таа да ја направиме 20 дена по нашите избори, вели Пендаровски.

Во однос на ратификацијата од земјите членки која остана за влез на Македонија во НАТО, е Шпанија. Како што вели Пендаровски, таму ситуацијата е комплицирана од причина што силите на политичкте партии е еднаква и ќе треба повеќе време за ратификација на нашиот влез во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e