Пендаровски од утре на средби со челниците на ЕУ во Брисел

Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски, утре на првиот ден од работната посета во Брисел, ќе оствари средби со челниците на Европската Унија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук, како и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e