Пендаровски од Диво Насеље: Груевски од Будимпешта ги влече конците, ама ние одиме напред

Консензуалниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера беше на средба со жителите од Диво Насеље.

-Вие одржавте лекција дека со политички игри не може да се урне соживотот. Сега на 5 мај граѓаните, вие, имате избор меѓу две опции.

Првата, меѓу нас кои нудиме соживот, еднаквост, напредок, интеграции во НАТО и ЕУ. И втората, предводна од против кандидатката која вели дека се што е направено ќе се поништи. Тоа де факто значи враќање назад, кочење на држвата, изолација.

Груевски од Будимпешта ги влече конците, се гледа. Немојте да дозволите тие темни времиња да се вратат назад, ајде да одиме заедно напред, истакна Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e