Пендаровски: Нема да дозволам нашата држава да биде водена од Будимпешта

Владеачката СДСМ и консензуалниот кандидат за претседател заедно со ДУИ, Стево Пендаровски, денеска прв централен митинг држат во Прилеп.

Пендаровски на еден неформален начин им се обраќа на граѓаните на Прилеп со аргументи зошто тој треба да биде идниот претседател.

Пендаровски порача дека е недозволиво државата да биде водена од Будимпешта, алудирајки на бегството на поранешниот премиер НиколаГруевски кој доби политички азил во Унгарија.

“Почитувани граѓани, во една реченица, недозволиво е а и јас тоа нема да го дозволам нашата држава да биде водена од Будимпешта”, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e