Пендаровски: Не може во екот на аферата „Рекет“ да се тераат одмори како да е редовна состојба

Претседателот Стево Пендаровски на прес конференција искажа разочараност од тоа што може да се слушне од снимките објавени во италијанскиот весник „Ла Верита“, во однос на очекувањата на граѓаните за правда.

Тој ги искара обвинителите од Обвинителството кои во ваква вонредна ситуација решиле да заминат на одмор.

– Барам од надлежните институции ефективно брзо и темелно завршување на истрагата почитувајќи го начелото на презумпција на невиност. Ако има докази, да се покренат обвиненија против сите, без разлика дали се работи за функционери или не.

Тој повика освен кривично правна одговорност, да има и политичка одговорност за инволвираните, без разлика дали се од власта или опозицијата.

– Сите чии имиња се споменати во снимките, самоиницијативно да дадат исказ пред надлежниот обвинител – рече Пендаровски.

Евентуалната одговорност на еден обвинител не може да го доведе во прашање целото Специјално јавно обвинителство, рече Пендаровски, давајќи поддршка на досега сработеното.

– Не се сите обвинители и судии корумпирани. Најголемиот дел се доблесни професионалци со кредибилитет – рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e