Пендаровски на средба со претседателот на Светската ракометна федерација

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со д-р Хасан Мустафа, претседател на Светската ракометна федерација и со претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

стево ракомет2

-Одличен разговор со д-р Хасан Мустафа претседател на Светската ракометна федерација, кој ме посети денес заедно со Живко Мукаетов, претседателот на Ракометната Федерација на Македонија. Д-р Мустафа е во посета на Северна Македонија по повод одржувањето на Светското првенство во ракомет (У19) во машка конкуренција во Скопје. На сите учесници им посакувам спортскиот дух да владее на натпреварите, да гледаме одлична игра, тимска работа и успешна промоција на нашата земја, истакна Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e