„По 11-ти декември, промената на власта ќе донесе силен економски развој. Никој нема да страда по промената на власта. Криминалците ќе одат во затвор, службениците ќе останат на работа. Нема да продолжат налудничавите проекти, ќе бидат стопирани и ќе подлежат на ревизија. Парите ќе се трошат за живот во Македонија. Повикувам на мобилизација и победа на изборите што ни е на дофат“, рече меѓудругото носителот на кандидатска листа во првата изборна единица, Стево Пендаровски.