Пендаровски: Јанева ја прокоцка историската улога за дружба со пробисвети и криминалци

Затаивме во реформите во правосудството, тоа се случи поради тоа што голема политичка енергија и капитал се потроши за тие важни моменти, договорот со Бугарија со Грција и Законот за јазици. Не е оправдуање, и во тој момент требаше повеќе да испорачаме реформи во правосудството, изјави претсдателот на РСМ, Стево Пендаровски.

-Ние не марширавме за Катица Јанева, туку за институцијата, СЈО. Мака ме и стварно се нервирам, не можам да поверувам дека човек на кој му беше дадена најдоговорната функција во историјата на Македонија, да ја прокоцка во дружба со пробисвети и криминалци, не можам да разберам, вели Пендаровски.

Претседателот на државата истакна дека токму случајот „Рекет“ заедно со останатите предмети во кои се обвинети поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ е последна надеж да се извлече оваа државна од правниот ќорсокак.

-Доколку не ја извлечеме од правниот ќорскокат, може правната држава да ја изгуби последната шанса. Само Амди Бајрам си го одлежи затворот.Нема единствен човек кој верува дека само Амди Бајрам бил виновен од сите други, само тој лежеше од сите политичари, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e