По обработени повеќе од 98 проценти од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои 427.363 (51,75%) гласови наспроти кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, со 368.679 (44,65%).
Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Неважечки се 29.748 (3,60%) ливчиња.
Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во победничка атмосфера, опкружен со своите поддржувачи, пред малку се обрати пред јавноста.
