Пендаровски и Дуда положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Дуда положија венци на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Дуда, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Полска, претседателите имаа заедничка прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e