Пендаровски: Доколку ВМРО-ДПМНЕ имаше 61 пратеник ќе беше доволен еден телефонски повик од Мицкоски за да го дадам мандатот

Опозицијата во еден момент навистина имаше 61 пратеник со потпис, нема дилеми околу тоа. Сосема легитимно е после изгласување на недоверба на владата, мандатот да се даде на партијата која е следна по број на гласови, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот Стево Пендаровски.

-Доколку изгласаа недоверба на владата и притоа имаа и 61 пратеник за втората фаза а тоа е избирање на нова влада, ќе беше доволен еден телефонски повик од лидерот на најголемата опозициска партија и тука немаше дилеми. Уставот не остава маневарски простор да се мисли. Уставот вели дека мандатот мора да се даде на оние кои го имаат мнозинството, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e