Пендаровски: Денес победија граѓаните – свечено објавувам дека ќе им служам на сите нив!

„Мој народе благодарам Фалимендерит.“ – вака Стево Пендаровски вечерва ја започна победничката прес конференција.

„Ви благодарам Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Власи и сите други. Им се заблагодарувам на сите за овие европски, кристално чисти демократки избори. Вие одлучивте да продолжиме Заедно напред!!!“ – порача Пендаровски.

„Ова е нашата достоинствена Македонија – ова беше нашиот мудар народ. Никогаш повеќе режим. Денес победија граѓаните, а јас свечено сакам да објавам дека ќе им служам на сите.“ – рече Пендаровски.

„Ќе се залагам за правична држава, ќе застанам зад секој чесен граѓанин, ќе бидам фактор на стабилност. Благодарение на сите вас мачното минато е зад нас. Ќе бидам претседател до кој нема да се срамите ниту дома ниту во светот.“ – одлучно рече новиот претседател на државата.

Пендаровски им се заблагодари на премиерот Зорен Заев, на сите 31 политичка партија кои застанаа зад него, на противкандиатите, но најголема благодарност упати до граѓаните од сите етнички заедници.

„Честитки и благодарам почитувани граѓани. Имаме успешни и демократски избори. Добивме претседател на државата. Одекна мнозинската граѓанска определба, продолжуваме заедно и одговорно напред!“ – порача премиерот Зоран заев.

„Патот е потврден и поплочен со успех. Република Северна Македонија со сигурност продолжува напред. Ова е наша заедничка зрелост на дело. Ова е победа на граѓаните и на републиката. Имаме земја која е европска и горд и одговорен народ. Водевме современа камања. Имаме кристално чисти избори во двата круга. Покажавме дека сме подготвени за Европа. Никој повеќе не може да застане на патот на прогресот и перспективите.“ – порача Заев.

Од преброени 96,5% Пендаровски има над 423 000 гласови. Разликата од противкандидатката Силјановска е повеќе од 55 000 гласови.  – појасни Заев.

„Вечерва имаме и победа во Охрид. Новиот градоначалник е Констадин Георгиев. Имаме и градоначалник на Ново Село – Никола Андонов.“ – рече Заев.

„Нашето место е во НАТО И ЕУ. Крај за режимот и мрачното минато. Мицковски е поразен како и сите деструктивни политики на ВМРО ДПМНЕ.“ – заклучи Заев на вечерашната прес конференција.

„Биди праведен и правичен, објективен и критичен, со слух за потребите на граѓаните“ – му порача Заев на Пендаровски.

„Оваа генерација на политичари одговорија на аманетот на на предците. Продолжуваме Заедно напред со Стево Пендаровски! – заклучи Заев.

„Граѓаните ни испратија сериoзна порака која ја прифативме. Ќе има промени во извршната власт!“ – одговори Заев на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e