Пендаровски: Членството во ЕУ и НАТО ќе има позитивно влијание врз државата

Националниот координатор на Македонија за НАТО, Стево Пендаровски, вели дека членството на земјава во Алијанса ќе има позитивно влијание во политика, економија, безбедност и стабилноста во регионот. Според Пендаровски, по постигнувањето на Договорот со Грција, никој веќе не може да ја спречи Македонија да стане 30-та членка на НАТО. Според него, САД и НАТО се сојузници, без кои Македонија можеби немало денес да постои. Пендаровски сепак, на дебата во Скопје, нагласи дека ако пропаднат обидите на актуелната влада за членство во НАТО и ЕУ, тоа ќе треба да го направи некоја нова генерација политичари, многу години подоцна.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e