Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните на Свети Николе потсети на историската посета која ни се случи пред два дена, кога ни дојдоа стотина важни личности од политичкиот и економскиот свет во Грција.
Пред присутните, Пендаровски се осврна и на понудата на претстојните избори.
„Ако некој мисли дека Гордана Силјановска нуди нешто различно од Иванов, се лаже, ако некој мисли дека Мицковски нуди нешто различно од Груевски, се лаже. Ние, заедно со премиерот Заев, заедно со сите прогресивни сили ги отвораме портите на светот за нашата држава“ рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Затоа да продолжиме заедно напред, напред кон напредок, развој и интеграција, повика Пендаровски.