Патниците задоволни – Гужвите на Деве Баир за време на празник се веќе минато

Долгите колони од возила кои се правеа за време на секој празник, на граничниот премин Деве Баир, веќе се минато.

За време на секој македонски празник, на Г.П Деве Баир за влез и излез од државата се чекаше минимум по час/час и половина. Тоа кај патниците предизвикуваше револт и нервоза. Но сега веќе не е така.

Денеска за влез во Македонија преку овој граничен премин, иако имало зголемена фреквенција на возила, поради неработниот ден, на македонска страна се чекало најмногу до десет минути.

Скопјани кои го поминале продолжениот викенд во Банско, Бугарија, сведочат дека на бугарска страна чекале повеќе од еден час, но кога пристигнале на пасошката контрола во Македонија, забележана била, според нив, спремноста и организираноста на македонската гранична полиција која ги усмерувала возилата дури во шест колони и на тој начин бил овозможен непречен проток на патници и возила.

Инаку, полициската станица на Деве Баир од пред еден месец има нов командир кој според сведочењето на патниците добро си ја сфатил својата улога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e