Папата Франциск ја прогласи Мајка Тереза за светица

Папата Франциск пред стотици илјади граѓани на плоштадот Свети Петар во Ватикан ја прогласи Мајка Тереза за светица.

Во тек е процесијата околу канонизацијата на светицата Мајка Тереза, а папата Франциск пред граѓаните читаше од светата книга на мудроста.

На прогласувањето во Ватикан присуствува делегација на Македонија во која се претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

По повод прогласувањето на Мајка Тереза за света, во Скопје се одржува манифестација „Денови на Мајка Тереза“ која почнува денеска со света литургија во Спомен домот на Мајка Тереза, а ќе заврши на 11 септември со прогласувањето на домот на Мајка Тереза за светилиште. – објави Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e