Пановски: Земјите што се 100 пати побогати од нас, тестираат многу поселективно од нас

Со оглед на фактот дека деновиве едно од најактуелните прашања во земјава е дали е потребно помасовно тестирање на населението со цел поголем успех во дијагностицорањето на нови случаи позитивни на Ковид-19, проф. Пановски во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со следниот став:

“Според тоа колку граѓани се тестирани на 1 милион жители, на пример кај земјите во регионот ние бевме рангирани на второ место, меѓутоа не знам од кои причини луѓето тоа не го прифаќаат и бараат масовно тестирање, иако повеќето од тие земји што беа прикажани се многу побогати од нас. Ако кажеме дека Словенија 5 пати повеќе тестира, јас ќе кажам дека Словенија има 7 пати повеќе средства од нас.

Јас направив една анализа од вчерашните резултати што досега никој не ја објавил, а тоа е колку од тестираните се позитивни. Кај нас имаме речиси 6 000 тестирани од кои скоро 10% се позитивни. Ајде да видиме дали сме ние селективни! Италија има 18,3% позитивни, САД со 19% и многу поселективно тестираат од нас, а 100 пати се побогати од нас. Во Франција се 43% позитивни, а во Германија 11,2%, значи нешто повеќе од нас. Хрватска е исто како Македонија, од сите тестирани вчера 10,7% беа позитивни. Словенија која е лидер во овој регион во тестирање има 3,6%, а првиот лидер во Европа е Исланд со 6%.

Значи, ние сме многу помалку селективни од многу побогати земји. Не е лошо да се тестира, меѓутоа бројот на луѓето кој сега доаѓа во болниците е сосема доволен за да болницата може да ги преземе мерките што веќе ги имаме. Словенија испитала 30 000 луѓе, не испитала 2 милиона луѓе. Не знам што подразбираат луѓето под масовно тестирање? На пример, Исланд кој испитал 5% од населението за 2 месеци, за да го испита целото население му требаат уште 40 месеци. Масовно тестирање не значи ние утре ќе почнеме да тестираме 2 милиона, ќе откриеме кој е позитивен и ќе ги тргнеме на страна. Тестирањето мора да биде под контрола на државата, а не по желба, кој сака и мора да биде селективно” – објасни проф. Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e