Пановски: Пикот го очекуваме за 2 до 3 недели, со 1500 до 2000 докажани случаи

Запрашан во која насока се движи епидемијата со коронавирусот во нашата земја, проф. Никола Пановски во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија со своја оценка:

“Па, епидемијата напредува споро кон максимумот, кон пикот, што беше и цел. Секојднено просечно има по 40 случаи, иако има и некои неприродни варијации од 15 до 73 случаи од ден на ден. Бројот линеарно се зголемува, а не експоненцијално и пикот ако воопшто постои како таков ќе се јави подоцна, за 2 до 3 недели. Моите претпоставки се дека ќе имаме од 1500 до 2000 докажани случаи” – истакна проф. Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e