Во “Отворено студио” на 24 телевизија, проф. Никола Пановски, со своја прогноза за сите можни сценарија со коронавирусот:
“Најидеалното сценарио е да го снема вирусот. Второто сценарио е да се најде лек за тешко болните, односно да се намали смртноста особено кај помладите, помалку да се приклучуваат на респиратор, на пример кај нас од овие 15, барем 10 да преживеат, а со тоа да се достигне стапка на смртност како кај другите болести. Третото сценарио е вакцинација. Меѓутоа, нормално е дека тие што се борат за вакцина ги поддржуваат овие карантински мерки бидејќи нема да се создаде колективен имунитет пред да се пронајде вакцината, а за нив уште поидеално е вирусот да мутира за да може секоја година да се дава вакцина на што поголем број луѓе” – истакна Пановски.
На прашањето на кој начин би можело да случи короната да исчезне, проф. Пановски со објаснување:
“Па САРС-от исчезна и го нема скоро 17 години, МЕРС-от исто така исчезна. Еден начин е кога вирусот оди на отпорен човек, особено ако го инфицира, тој после излегува со помала вируленција и тој продлжува да се шири како што е сега без да предизвикува болест. И ние мислиме дека го снемало. Тој фактички ја изгубил вируленцијата и на тој начин луѓето се природно вакцинирани. Луј Пастер така правел вакцини. Односно вирусот не исчезнува, туку ние стануваме имуни на него” – додаде Пановски.