Пановски: Ако се забранети собири, кога некој ќе одржи таков собир без разлика какво име ќе му даде, тој треба да биде санкциониран

Во денешното издание на “Само вистина”, проф. Никола Пановски со свој став околу денешната ескалација на бројката на новозаболени од коронавирусот и негативните резултати од несанкционирањето на прекршителите.

“Ако се забранети собири како на пример свадби и родендени, кога некој ќе одржи некој таков собир без разлика какво име ќе му даде, тој треба да биде санкциониран. Ако имало семејни забави, вечери или не знам какви настани со многу луѓе, односно ако денес гледаме дека во еден кластер имате 20 заболени луѓе, тоа значи дека на тие забави имало многу повеќе од 20 луѓе за да се заразат 20 луѓе и сигурно истите траеле многу долго. Не чув дека некој е казнет и не чув дека некое име е спомнато, барем со иницијали како што имавме прилика да слушнеме во минатото.

Ако погребот како масовен собир е забранет и се прави под специјални услови, кај нас такви настани нормално се случуваат, нема контрола, дури и се кажува дека болеста се проширила таму. Тоа е една голема индолентност на надлежните кои требаше да казнуваат. Слушнавме дека има луѓе коишто се шетаат иако се во изолација. Сега се кажува дека е констатирано дека луѓето во дадена општина шетаат, а никој не се казнет. Единствен начин да се спречи ширењето на заразата од жариштата кои постојат е барем две недели да имаше строга контрола на движење на луѓето и на сите кои се во изолација” – истакна Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e