Обвинителството за организиран криминал ги испратило преведените потерници до Интерпол. Од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски. Потерниците веќе се објавени на веб сајтот на МВР. Инаку, овие петмина осомничени се дел од групата која обвинителството им го става на товар делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста поврзани со насилствата од 27 април. Повеќе од 10 дена се чекаше обвинителството да ги преведе потерниците за да ги испрати до Интерпол. Досега се бараа само со домашни потерници, но во одреден период никој не ги бараше иако судот во отсуство им определил мерка притвор.

