Овие двајца кандидати за нов државен обвинител добија позитивно мислење од Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење за двајца кандидати од листата со 23 имиња на правници, кои се јавија на огласот за државен јавен обвинител. Како што неофицијално дознава СУДСТВО.МК од обвинителските кругови, предност им е дадена на актуелниот член на Советот на јавни обвинители Љупчо Јовевски, како и на Елена Андреевска, професорка од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјов, денес не сакаше да ја потврди или демантира оваа информација со објаснување дека нивната работа е завршена и оти сега на потег е Владата.

Како што информираа вчера од Советот преку државната агенција МИА, разгледани се апликациите на кандидатите кои имале комплетна и уредна документација и за нив се даденио бразложенија во писменаформаи се доставени до Владата. Но, и во овој допис до јавноста, немаше информации кои од кандидатите добиле позитивна оценка за продолжување на изборот.

Владата на седница треба да ги разгледа кандидатурите и мислењата од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите.

Потоа одлуката оди во Собранието како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

Времено функцијата ја извршува Лилјана Спасоска, откако Марко Зврлевски беше разрешен од Собранието на 17 август годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e