(ВИДЕО) Ова е убиеното семејство Поцеста – Случајот ја потресе и цела Италија

Надлежните ги расветлуваат сите детали за трикратното убиство во Дебар каде настрада тричлено семејство.

Поради сомнение дека ја убила мајка си Назмие (53) , таткото Амит (54) и сестрата Анила Поцеста (14) полицијата ја уапсила Блерта Поцеста (23) и нејзините двајца соучесници Ф.Г. (31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар.

Блерта веднаш по злосторството на 26 август се вратила во Италија со помош на еден од соучесниците, а потоа утредента дошла на погребот на родителите и сестра си кои ги убила на спиење. Ф.Г. пред злосторството и обезбедил превоз од Италија, а В.К. и обезбеди пиштол. Полицијата оружјето со кое е извршено грозоморното убиство го нашла на бензинска станица во Тетово.

Амит со сопругата и најмладата ќерка дошол како и секоја година од Италија, каде живеел 30 години, на одмор во родниот град и не претпоставувале што ги чека. Семејството е убиено на спиење, а мотивот на злосторството уште не е познат. Блерта најпрво ги убила татко си и мајка и во нивната спална соба, а потоа отишла до собата на младата сестра и ја убила и нејзе.

Тричленотосемејство е погребано во вторникот, а набрзо е приведена и главата осомничена. Мештаните на Дебар ги шокирал фактот дека нивните сограѓани ги ликвидирала родената ќерка.

pocesta-670x832

Веста за грозоморниот чин стигна и до Италија. И тамошните медиуми пренесоа за убиството кое уште ја шокира јавноста.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e