Отворен оглас за вработување во Ловечката Федерација

Ловечка федерација на Македонија (ЛФМ), за потребите на проект финансиран од Европската Унија за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016 – 2020 од ИПА2, објавува оглас за ангажирање на Договор на дело за работна позиција:

Службеник за соработка (координатор) за водење на прекуграничен проект

Општи факти на проекот:

Две цели :

• Промовирање на вработување , мобилност на трудот и социјална културна инклузија преку границата.
• Поттикнување на туризмот и култура и природно наследство.

Во Македонија одговорни институции на проектот се Влада на РСМ и Министерсво за локална самоуправа.

• Локација на Скопје, со повремени патувања

Клучни работни обврски:

-Координинација и имплементација на дел од Проектот под одговорност на ЛФМ во рамките на планираните рокови, преземајќи ги сите неопходни и разумни мерки за да осигури дека операцијата се спроведува во согласност со условите на Договорот за грант кој е финансиран од ИПА2..
-Учествување на состаноците на партнерите во проектот;
-Одржувајње ефективни комуникациски и работни односи со засегнатите страни на проектот.
-Веднаш да го извести раководителот на проектот за секој настан кој може да доведе до привремено или конечно прекинување или било каква друга промена во спроведувањето на Проектот;
Изготвува, доставува, до раководителот на проектот сите потребни информаци и извештаи, барања за плаќање, следење, евалуација, ревизии и другипроверки;

Потребни квалификации:
–Високообразование;
–Работно искуство со проекти финансирани од ЕУ, И други;
– Солиднопознавањена Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Power Point);
–Солидно познавање на англискиот и македонскиот јазик, усна и писмена комуникација;
–Солидни организациски вештини (организација на работа, настани и сл.).

Секој за интересиран треба да поднесе:
1.Потврда за завршено високо образование;
2.Кратка биографија на македонски,а пожелно и на англиски јазик;
3.Писмо за интерес со наведување на детали од претходни работните обврски по позиции;
4.Референци од претходни работни места.

Вашите документи потребно е да ги испратите на следната електронска адреса:[email protected] до 02.09.2019 (понеделник) година до 11:00 часот, со наслов “Апликација- Службеник за соработка ( координатор) за водење на прекуграничен птоект ”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e