Синоќа во Општина Гази Баба, свечено беше отворен Културниот центар „Димитар Влахов“, во кој ќе бидат сместени културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање филмска музика на компанијата „Феимс“ од Франција.
Културниот центар е направен по пат на јавно-приватно партнерство, помеѓу Општина Гази Баба и француската компанија „Феим“, а беше отворен свечено во присуство на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, преставниците на компанијата „Феимс“, членови на Советот на Општина Гази Баба, градоначалникот на општината Борче Георгиевски и жители на општината.
По повод отворањето на центарот и меѓународниот Ден на театарот, беше изведена театарската претстава „Островот на скриеното богатствао“, на аматерскиот театар „Чекори“.

