Отворен е јавен повик за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз или мобилни сушари за ориз. Максималната вредност за мерката 121,5 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022, изнесува 3.500.000 денари по корисник, информираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Крајниот рок за доставување на барањата е 06.07.2022 .
-Ве повикувам сите заинтересирани земјоделци да аплицирате, за да си го олесните и модернизирате производството, порача Николовски.
Повеќе информации околу постапката и начинот, на следниот линк.
