Отсега ќе имате увид колку пари ќе ви бидат вратени преку „МојДДВ“

Веб апликацијата МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 отсто од ДДВ и бришење на фискални сметки што се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, информира Управата за јавни приходи.
Со новата веб апликација, граѓаните ќе имаат увид во состојбата и ќе може во секој момент да го проверат износот што треба да им се врати од скенираните фискални сметки.

Веб апликацијата МојДДВ од денес достапна за граѓаните на следниот ЛИНК.
Веб апликацијата МојДДВ е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик о ги нуди следниве опции:
Целосен преглед во скенираните фискални сметки

Увид во прометот остварен преку скенираните фискални сметки

Увид во износот на поврат на 15% од пресметаниот ДДВ
Повлекување односно бришење на фискалните сметки скенирани по грешка

Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот ЛИНК.

Инаку, мерката поврат на ДДВ стартуваше на 1 јули годинава, а првата исплата ќе се реализира во декември.

Право на поврат на ДДВ има секое физичко лице со наполнети 15 години, важечка лична карта и трансакциска сметка, а лимитот за поврат на ДДВ на годишно ниво изнесува 7.200 денари за едно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e