Отпочнува реализацијата на Стратегијата за развој на женското претприемништво

На псоледната одржана  седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Стратегија за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023, со Акциски план, и ги задолжи сите органи на државната управа, за кои има предвидено активности во Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023, средствата потребни за реализација на активностите да ги планираат во своите годишни буџети за тековните години согласно временската рамка.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, на вчерашната седница е усвоена  Информацијата со Предлог за воспоставување на Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање (Center of Exellence on Gender Responsive Budgeting).

Ресурсниот Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање ќе обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање за вклучување на родовата компонента во јавните финансии, управувањето и креирањето политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e