Откриен е лек со сомнително потекло од Бразил

Стопирана е цела пратка со инсулини , а сомнителниот бразилски инсулин е однесен на испитување. Недостигот со инсулини надлежните ќе го  решаваат со донации и други набавки, пренесува НОВА.

Сомнителен инсулин од Бразил е пронајден во пратките кои требало да им бидат испорачани на инсулинските аптеки за потребите на пациентите со дијабетес. Инсулините се влезени преку паралниот увоз на лекови, а наводно станува збор за три кутии на инсулин со бразилско производство што не се внесувал досега во нашата држава. Информацијата за НОВА ја потврди и заменик министеротза здравство Гоце Чакаровски, кој рече дека меѓу инсулините со производство од Данска и Германија бил пронајден и инсулин на чија кутија пишувало дека е произведен во Бразил.

Стопирана е цела пратка со инсулини , а сомнителниот однесен на испитување во лабораторијата на Фармацетскиот факултет.

„Пронајден е инсулин на чија кутија пишува дека е по потекло од Бразил. Анализата е во тек, а тој инсулин што е стопиран и недостасува ќе го добиеме со донација и со друга набавка. Нема да дозволиме пациентите да останат без инсулин“, изјави за НОВА, Чакаровски.

Извори за НОВА од факултетот потврдуваат дека се бара оригинаторниот лек за да се направи компаритивна анализа за да се спореди содржината и составот на инсулинот, но и дека испитувањето ќе потрае најмалку една недела. Но, и да се дојде до некакви сознанија, со оглед на тоа што лабораторијата нема можност да ги испита сите параметри и дали е запазен ладниот ланец, инсулинот ќе биде испратен на испитување во странство. Ова, може да ја закочи испораката на инсулин до пациентите, доколку надлежните не изнајдат итно решение.

Вчера во Министерството за здравство итно била повикана Националната комисијата за дијабетес од која било побарано мислење дали пациентите може да се доведат во животно загроозувачка сосотојба и дали недостигот може да се одрази врз нивното здравје.

„Побараа мислење од нас дали доколку дојде до недостог на инсулини може да биде загрозен животот и здравјето на одредена група на пациенти. Ние одговоривме потврдно. Засега има инсулин, пациентите имаат и резерви дома. Ова го разбирам повеќе како превентивно, не знам што се случува. Министерството треба да најде алтернативно решение“, изјави за НОВА, Ирфан Амети претседател на Националната комисија за дијабетес.

Нема одговор од Агенцијата за лекови како ќе се справат со оваа ситуација. Пациентите и лекарите веќе се исплашени дека е на повидок криза со инсулин. На социјалните мрежи некои од нив прашуваат зошто им бил скратен инсулинот кој требало да го подигнат од аптеките. Од здружението за детски дијабетс „Баланс МК “бараат надлежните итно да реагираат за да не бидат доведени во ситуација да примаат сомнителни инсулини.

“Бараме итно да реагираат надлежните и инсистираме на сертификат за квалитет директно од производителот. Сакаме да знаеме и до каде е измените на Законот за лекови и како ќе се регулира паралелниот увоз, понатаму. Поднесовме и барање за зголемување на буџетот за инсулини. Дали треба да чекаме да се дотрошат резервите со сомнителен квалитет од овој тендер за да се распише нов тендер“, вели Наташа Деспотовска Димитриевска претседател на здружението за детски дијабетес Баланс МК“ и родител на дете со дијабетес.

Инаку, измените на Законот за лекови во делот за паралелен увоз се работат со месеци никој не кажува што содржат тие измени и дали ќе обезбедат безбедни лекови за пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e