Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по вчерашната средба со коалиционите партнери даде изјава за новинарите во која побара поддршка од сите граѓани, освен од граѓаните албанци.
Мицкоски, изостави да ги спомене граѓаните албанци и со тоа беше сфатен дека, токму од оваа заедница не бара гласови за неговиот кандидат за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.
Веднаш по објавување на изјавата на неговата Фејсбук фан страна, следеше каконада на негативни коментари од граѓаните.
“Со национализмот што го имаш ти и ВМРО ќе губите 100 години”,
“и албанците ги заборави”,
“а албанците што не ги повикуваш, имаш право, нема ни да гласаат за ВМРО, доколку не го смени албанофобизмот во себе “,
“Лидер на партија бараш гласови а не ги спомнуваш албанците срам да ти е не се води вака политика многу си назат со времето тоа значи работиш за СДСМ екстра ги нервозираш албанците за да гласат за Пендаровски”,
“Имаше порано исто како тебе што не бараше гласови од Албанци? Ама не стана Претседател”
“За националистичка партија никогаш нема да гласам”…
Ова се само мал дел од негативните коментари од граѓаните кои на тој начин го изразија својот револт од ваквиот чин на однесување на опозицискиот лидер.