После 5 години поминати во затвор, Мариче Пецова е првата жена осуденичка која во текот на вчерашниот ден го напуштила затворот „Идризово“, откако стапи на сила Законот за амнестија, дознава „Фокус“ од извори во затворот.
Пецова беше една од осудените во случајот „Керозин“, која заедно со својот сопруг и син, но и уште 13 лица, беа осудени како злосторничка група, бидејќи според пресудата преку неготинската фирма „Алма-комерц“ точеле помало количество нафта при набавките на државни институции, со тоа го оштетиле државниот Буџетот за околу 3 милиони евра.
Извор: Фокус