Основниот суд Скопје 2 конечно го ослободи од стравот и траумите Гуте Миленковски од скопското село Марино, кој никогаш немал централно градско парно, а поради тоа што му беше украден идентитетот, беше тужен од АД Топлана Скопје Север како должник за неплатена сметка од пред 6 години. Тој беше осуден место вистинскиот должник Гуте Милановски од Бутел.
Миленковски, кој е социјален случај, шокиран од извршното решение кое му стигнало лани на домашна адреса во Марино, правдата ја побара кај Народниот правобранител, кој веднаш покрена постапка за неговиот случај. Поради лошата финансиска состојба, по добивањето на пресудата за долг кој никогаш не го направил, на Миленковски му се влошило срцевото здравје.
Под притисок на Народниот правобранител Иџет Мемети, Топланата Скопје Север конечно ја повлече тужбата против погрешно осудениот човек.
Целиот текст на СДК прочитајте го тука