Oд опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ повредени се и основци во Македонија. Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени – пренесува Телевизија24.
Според информациите на телевизијата бројката на деца во Битола кои се одзвале на предизвиците од овие игри е далеку поголем. Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски за телевизијата го потврди случајот. Вели, се се случило надвор од училиштето и за се се информирани и МВР и родителите.
А при вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште. Дознаваме дека речиси во сите основни училишта во Битола, родителите се предупредени за опасната појава кај нивните деца.
Од МВР се уште ги проверуваат информациите.
Во третирање на оваа тема медиумите ширум светот консултираа психолози чии основни препораки се да пред се да се зборува со децата и да им се објасни опасноста од ваквите игри, но и да се истакне дека доколку веќе прифатиле таков тип на игра, заканите кои би можеле да ги добијат доколку одбијат некаков предизвик и НЕ СЕ РЕАЛНА ЗАКАНА, ОДНОСНО НЕ СЕ ВО ОПАСНОСТ но сепак треба веднаш да пријават и да престанат да играат.
