Османи во Брисел ќе го презентира планот 18

Мерките предвидени во новиот реформски план 18, ќе ги презентира вицепремиерот за Европски интеграции Бујар Османи на средбите во Брисел што денеска и утре ќе ги има со високи претставници на Европската Унија.

На средбите, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе бидат отворени и сите останати теми поврзани со европските интеграции на земјава, а во насока на очекувањата од претстојните самити на Европската Унија кон крајот на месецот.

Во рамки на посетата  Османи ќе се сретне со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, со  Димитрис Аврамопулос, комесар за миграција и внатрешни работи, како и со Кристијан Даниелсон, генерален директор во директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e