Во компаративната анализа сме пред Србија и Црна Гора во исполнување на критериумите за влез во Европската унија. До сега требаше да бидеме на една третина од фазата за влез во Унијата. Не е за потценување тоа што го правевеме. Сега сум по храбар од тоа што бев порано во преговорите. Немаме ниту еден спорен проблем со соседните земји. Имаме институции кои со сите фалинки и маани што ги имаат може да се споредат со развиените земји. Не смееме да дозволиме некој да не потсени и поради условите во ЕУ да чуствуваме вина за оваа одлука. ЕУ има криза во развивање на европската идеја, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Тој истакна дека новата методологија Македонија треба заедно да ја промовира со Франција, но истата да биде реална и да има среќен крај за нашата земја вели Османи додавајќи дека оваа методологија, доколку се усвои, ќе се однесува на сите земји кои понатаму ќе се интегрираат во Унијата, но дотогаш важат солунските принципи од 2003 година.
-Ние треба да работиме во нашиот двор и убеден сум дека ќе се сменат околностите во ЕУ. Не сметам дека има крупни прашања за решавање. Немало друга земја во историјата на ЕУ која во моментот на започнување на проговори била по подготвена од нас. 30 отсто од евроспкото право веќе е вметнано во нашето законодавство. Над 3000 акти се вметнати, а има вкпуно 7000 акти од европското правосудство, вели Османи.