Османи: Демантирам дека е разговарано Бесими да биде назначен за гувернер

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за „360 Степени“ ги демантира медиумските шпекулации дека неговата партија бара од Заев, Фатмир Бесими да биде назначен за гувернер на Народна банка.
„Прво, во коалицијата не функционираме со условување, туку со меѓусебно разбирање и договарање. Второ, демантирам дека кога било или со кого било е разговарано за таква комбинација. Фатмир Бесими е професионалец, кого би го посакала секоја економско-финансиска институција, вклучувајќи ја и Народната банка, но, тоа е прашање на неговата професионална етика и експертиза, а не на партиско – политичка комбинаторика“, изјави Османи за „360 Степени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e