Специјалистите по семејна медицина, од денеска можат да започнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации по семејна медицина.
Со ова, ја финализиравме процедурата започната во февруари годинава, презентирана на првиот Национален форум за здравство. Ова решение е дел од мерките за унапредување на примарната здравствена заштита изготвени врз основа на анализите и препораките на Светската здравствена организација во координација со стручните здруженија. – информираше Министерот за здравство Венко Филипче.