Oрце Камчев ја променил адресата на живеење, во затвор покрај езеро

Осудените во случајот „Империја“, Јордан (Орце) Камчев и Ненад Јосифовиќ, пред издржување на едногодишната затворска казна ги смениле адресите на живеење од Скопје во Охрид и сега ќе добијат нов упатен акт во установа, според местото на живеење, објави „360 степени“.

„До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид. Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, соопштија од Основниот кривичен суд во Скопје.

Ова значи дека тие ќе добијат нов упатен акт и најверојатна казната ќе ја издржуваат во затворот во Струга, што е од полуотворен тип.

Повеќе на линкот: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e