Во насока на заедничка соработка за решавање на клучни прашања од значење за бизнис-секторот на подрачјето на општина Крива Паланка и унапредување на деловниот амбиент, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денес потпишаа меморандумот за соработка.
-Мојата цел и целта на комората е да се подигне нивото на економијата, БДП-то во државата, но и да се помогнат по малку заборавените и запоставени општини, како Крива Паланка, во која 30 години нема изградено добар пат, а е влез и излез во Европа и треба да бид едобро инфраструктурно поврзана со една Европска прстолнина. Ваков меморандум прв пат потпишуваме со град кој ен е некаков центар и сакаме да направиме нешто за оние за кои досега речсии ништо не е направено. Инаку, комората е корисник на 12 Евроспки проекти и ние имаме одлична соработка со странските амбасади во државата, така што целта е стопанственициет да ги обучиме сами да подготвуваат успешно ЕУ-проекти и да ги развиваат своиет биниси, истакна Азески.
Според Мицевски, со овој меморандум ќе биде официјализирано она што е отпочнато во изминатиот период како соработка со КОмората и со сите стопанственици од општината, да се формира мост кој ќе ги олесни сите потреби и барања на бизнис секторот од градот.
-Стопанската комора има капацитет со експерти и консултанти од разни области и ќе им помага на бизнисмениет во потполнување документи и апликации за користење на ЕУ-фондовите кои ќе се отворат со отпочнување на преговорите со ЕУ, без апликации кои мора да бидта по теркот на ЕУ- не може да с екористата и обезбедат фондовите. Крива Паланка со овој меморандум ќе отвори и поодрачна канцеларија на Стопанск акомора, во која ќе има координатор кој ќе биде врска меѓу комората, бизнисментие и останатиет институции, за се што им е потребно, а ќе имаат информации за се, тековно, заштедувајќи време и енергија, рече Мицевски.
На настанот свое обраќање имаше и Министерот за надворешни работи, нИкола Димитров, кој истакна дека ЕУ-перспективите ќе донесат нови можнсоти, дополнителни средтсва за сите економски сегменти.
Имајќи ја предвид актуелноста на темата поврзана со потребата на бизнис секторот за стручно образована и квалитетна работна сила, на настанот се одржа и регионална промоција на проектот проектот „Образование за вработување во Македонија“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од страна на Хелветас Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија.
-Целта е да се поттикне вработувањето во земјата преку подобрување на стручните вештини кај младите. Особен акцент е ставен на образование на кадри и практичната настава која треба да се реализира во компаниите со цел задоволување на потребите на компаниите, како и подготовка на стручни кадри и нивен влез во процесот на стопанството и отворање нови можности за нивно вработување, како и вработување на лица со пречки во развој, што е опфатенос о повеќе други проекти, истакна Куд Курти од проектот „Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk)“.