Ограбен домот на проф. Каракамишева

Синојка на Божиќ ограбен и домот на професорката Каракамишева.

Во изминатиот период, како и за сите празници и продолжени викенди, бројот на грабежи е зголемен. Во принцип ограбувачите чекаат демнат и пратат кога одреден објект ќе биде празен и секако тоа е најчесто за продложените викенди. Затоа од МВР и во минатото во повеќе наврати апелираа, да не се сликаме дека сме во странство и да не објавуваме предходно каде ќе одиме, за да не бидеме мета на крадци. Тие во принцип не бираат, нација, вера, партија, туку нив ги интересираат пари и злато.

“На најголемиот Христијански празник, Божиќ умоболни типови влегле во нашата семејна куќа и се ничкосале. Испревртиле се наопачки, распослале се по земја како што нивната умоболна душа е извртена и распослана по Ѓаволските патеки”, напиша на Фејсбук професорката Каракамишева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e