Не го познавам човекот, но, мене оваа изјава ми е поприлично нестабилна! Малку ми е несериозно и аматерски да стануваш министер во една Влада, а притоа сам искрено кажуваш дека имаш искуство со НЕЗНАЕЊЕ ШТО СИ ПОТПИШАЛ НЕКОГАШ! Дека те навел некаков си специјализант, па ти си потпишал. Многу лековерно. Многу наивно. Многу дилетантски!
Што доколку некој специјализант на пример, додека си министер те наведе да потпишеш тендер кој би бил штетен за нашите пари во Буџетот? Или нешто полошо од тоа, скраја било. Еве не знам! Ова ми е пренесериозно!
Фејсбук статус на Огнен Јаневски како реакција на изјавата на најверојатно новиот министер за здравство Венко Филипче кој кажа дека тоа што се потпишал на професорскиот контра пленум било заради тоа што бил излажан дека потпишува поддршка за наводни реформи за медицинскиот факултет.