Одземен имунитетот на Теофиловски

Судиите од Судскиот совет го спасија од притвор нивниот колега Зоран Теофиловски. Му го одзедоа судскиот имунитет, но застанаа против барањето на обвинителката Русковска, тој да оди во притвор.

Откако Теофиловски вчера цел ден не беше достапен за органите на прогонот утринава сам се пријавил на распит во Кривичен, но се повикал на имунитетот кој го има од 2007 година, кога станал судија во гостиварскиот Апелационен суд.

„Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 329-та седница одржана на ден 31.12.2019 година, одлучи за следното: – Донесе Решение со кое го одзеде имунитет на член на Советот заради непречено водење на кривичната постапка – Донесе Решение со кое не го одобри барањето за определување на мерка притвор за член на Советот, поднесено од страна на судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје.

Теофиловски е главен осомничен од вкупно 8-те мина за злоупотреба на службената положба кои обвинителството за организиран криминал ги товари дека со незаконска легализација и приватизација на државно земјиште го оштетиле буџетот за 860 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e