Одржан првиот состанок на Комисијата за јавно – приватен дијалог за годинава

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, соопшти дека денеска е одржан прв состанок на Комисијата за јавно – приватен дијалог оваа година.

Меѓу другото се дискутирало за унапредувањето на активностите на Управата за јавни приходи, како една од клучните институции за релациите помеѓу бизнис заедницата и Владата.
-Посочив дека УЈП преку едукација на вработените, почитување на Кодексот на однесување на вработените, модернизација и унапредување на процесите преку правила и норми е во постојана комуникација со даночните обврзници ,физички или правни лица со цел поедноставување на постапките и давање квалитетни услуги. Прецизирани беа и други новини кои заедно со Коморите ќе се реализираат во иднина, посочи Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e