Премиерот Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и Зорица Апостолска, министеркa без ресор задолжена за странски инвестиции денеска учествуваа и имаа свои обраќања на Форумот „Инвестиции за долгорочен економски развој“.
Форумот, на кој покрај претставниците на Владата присуствуваа и амбасадори, домашни и странски експерти и истакнати стопанственици е организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ спроведуван од ЕПИ Центар Интернационал, во кој ССК е партнер, заедно со Стопанските комори на Македонија и северозападна Македонија, како и МАСИТ, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.
„Ја стабилизиравме финансиски државата, ја поставивме на пат на одржлив развој и нашите амбиции се токму како што е темата на Форумот – обезбедување инвестиции за долгорочен економски развој на Македонија“, истакна премиерот Заев заблагодарувајќи се на помошта од УСАИД и партнерите од меѓународната заедница кои и помагаат на Владата во остварување на нејзините заложби.
Целото обраќање на премиерот Заев можете да го погледнете во следното видео:
Погледнете дел од фотографиите од Форумот!