Одредена мерка куќен притвор – 24 часовен видео и аудио надзор за Мијалков

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јавил во обвинителството и притоа му е врачено Решение за определена мерка куќен притвор.
„Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e