Одобрени две големи обвиненија: 13 полицајци на суд за пожарот во „Пулс“, петмина за поткуп со ИПАРД пари

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост ги прифати двете обвиненија поднесени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со оваа одлука, патот кон судница е отворен за предметите поврзани со трагедијата во кочанскиот објект „Пулс“ и коруптивните злоупотреби со европските фондови.

Првиот предмет се однесува на 13 полициски службеници кои се товарат за „Тешки дела против општата сигурност“. Случајот е поврзан со страотниот пожар кој избувна на 16 март 2025 година во објектот „Пулс“ во Кочани. „Обвинителниот акт против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот… се одобрува во целост“, соопштија од Кривичниот суд.

Вториот одобрен акт опфаќа финансиски малверзации и примање поткуп во врска со европската ИПАРД програма. Во овој случај се обвинети пет физички лица за давање и примање поткуп, додека обвинителен предлог е поднесен против уште четири лица и една фирма за противзаконито влијание.

Предметите веќе се распределени кај надлежни судии преку АКМИС-системот, а термините за почеток на судењата ќе бидат дополнително објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e