Одбележан Меѓународниот ден на царината

По повод 26 – ти јануари, Меѓународниот ден на Царината, кој годинава се одбележува под мотото “Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт”, со кое се охрабруваат членките на Светската царинска организација (СЦО) да размислат како најдобро можат да обезбедат брзо и непречено прекугранично движење на стока, луѓе и превозни средства. За таа цел денес (28.01.2019 година) на шеснаесет царински службеници и пет компании, им беа доделени пофалници од Генералниот секретар на СЦО, г-дин Кунио Микурија.

700x450-crop-90-wco_1_-_copy

Шеснаесетте царински службеници добија пофалници заради максимална посветеност и ангажираност во насока на квалитетно, ефикасно и професионално работење, со цел побрзо и поквалитетно спроведување на царински постапки.

За успешна соработка и заеднички придонес во насока на олеснување и забрзување на трговијата, транспортот и движењата преку границите пофалници беа доделени и на пет компании.

700x450-crop-90-image-1_2

Генералниот секретар на СЦО, по повод 26 јануари – Меѓународниот ден на Царината, упати порака до сите земји членки на СЦО во која истакна дека од суштинска важност е Царината да го преземе водството за консолидација и зголемување на напорите за олеснување на движењето на стока и луѓе преку границите, со што глобализацијата ќе се претвори во позитивна сила. За таа цел, СЦО е посветена на трансформација на границите во “ПАМЕТНИ граници”, при што Царината ќе дејствува како централна точка за поврзување и координација.

Исто така, истакна и дека “Технологијата” треба да биде главниот двигател на агендата на Царината, така што членките на СЦО ќе бидат подобро опремени за да одговорат на новите предизвици и можности од дигиталната ера. За да го задржи водството, Царината непрестајно треба да се потпира на студии, да истражува нови концепти  и да применува нови технологии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e